Search

САД би можеле да спроведат нуклеарен тест во рок од неколку месеци ако Трамп го нареди тоа

САД би можеле да извршат нуклеарно тестирање во живо во рок од неколку месеци ако претседателот го побара тоа, изјави висок официјален претставник на Пентагон, посочувајќи дека некои геополитички прашања – веројатно мислејќи на Москва и Пекинг – би можеле да ја поттикнат наредбата, пренесува РТ.

Иако Вашингтон не го смени својот официјален став за нуклеарните тестови – кои се на стендбај речиси три децении – тоа може да се промени брзо, рече в.д. заменик-помошник секретарот за одбрана за нуклеарни прашања, Дру Волтер, на Интернет-форумот организиран во вторникот од институтот „Мичел“ за вселенски истражувања.

„Ако претседателот нареди – поради технички или геополитички проблем – системот да оди на тест, мислам дека тоа ќе се случи релативно брзо“, рече Волтер.

Коментарот следува по минатонеделниот извештај во „Вашингтон пост“ за тековни разговори во Белата куќа за тоа дали да се спроведе првиот американски нуклеарен тест во живо од 1992 година.

Висок официјален претставник изјави за весникот дека тестот може да испрати порака до Русија и Кина и да послужи како чип за преговарање во разговорите за контрола на оружјето – веројатно геополитичкото прашање што го навести Волтер. И покрај повеќедеценискиот мораториум, тестот технички нема да биде нелегален според меѓународното право бидејќи САД никогаш не го ратификуваа Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестирања.

Новиот договор СТАРТ, клучен договор за контрола на нуклеарно оружје со кој се ограничува бројот на стратешко нуклеарно оружје што можат да го употребат САД и Русија, треба да истече следната година. Иако Русија сигнализираше подготвеност да го обнови договорот – дури и да понуди да стави некои свои понови оружја под ограничувања – САД ја влечкаа процедурата, инсистирајќи на преговори за нов договор што ќе ја вклучи и Кина.

Новата цел, сепак, драматично ќе ги комплицира преговорите. Со оглед на тоа дека нејзниот арсенал е десетпати помал од оној на Вашингтон, Кина не сака да се приклучи на договорот, но САД инсистираат на барањето.

Минатата недела, високиот претставник на САД за контрола на оружјето, маршалот Билингсли, повторно го истакна предлогот, повикувајќи ја Москва да ја донесе Кина на преговарачката маса. Додека предупредуваше на сеопфатна трка за вооружување, Билингсли исто така посочи дека САД можат да го уништат секој противник, нарекуваји го тоа испробана и вистинска стратегија.

Заканата се случи неколку часа откако САД објавија дека ќе го поништат Договорот за отворено небо со Русија, голема мерка за градење доверба меѓу двете земји – иако тоа не го одврати Билингсли од тврдењата дека на Москва не може да ѝ се верува дека ќе ги поддржува договорите.

И покрај противеето на ваноста на трката за вооружување, американските официјални претставници и политики продолжуваат да вртат во спротивна насока. Додека администрацијата, наводно, размислува за нов нуклеарен тест, Вашингтон почна модернизација на нуклеарното оружје тешка  1,2 трилиони американски долари.

Покрај тоа, „Нуклеар посчр ривју“ од 2018 година, процес кој ја одредува улогата на нуклеарното оружје во американската безбедносна стратегија,  значително го намали прагот за употреба на нуклеарна бомба, сугерирајќи дури и на нуклеарна реакција поради сајбер напад.

Треба да знаете
Последни објави