Search

САД бара гаранции дека Турција нема да им наштети на Курдите во Сирија

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Доналд Трамп, разговараше во Анкара со висок турски функционер за судбината на сириските Курди, јави АП.

Тој два часа во претседателскиот комплекс зборуваше со Ибрахим Калин, советник на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.

Болтон во рамки на средбата, побарал гаранција оти Турција нема да ѝ наштети на курдската милиција во Сирија, која е сојузник на Соединетите Американски Држави, во борбата против таканаречената Исламска држава.

Според неговите зборови, тоа е условот за планот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за повлекување на американските сили од североисточна Сирија.

Болтон се надева и на средба со Ердоган, но не е сигурно дека денеска ќе дојде до тоа.

Треба да знаете
Последни објави