Search

САД бараат Турција да ги прекине гасните истражувања кај Кипар

Американскиот Стејт департамент денеска ги повика турските власти под итно да ги прекинат сите „незаконски активности” во кипарските територијални води и оттаму да го отстранат својот сондажен брод „Јавуз”, јави денеска весникот „Катимерини”.

Турција во овој регион веќе ги има стационирано сондажните бродови „Јавуз” и „Фатих”, како и истражувачкиот брод „Барбарос”.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавусоглу вчера информира дека четвртиот турски брод- истражувачкиот „Орук Рејс” – е упатен кон  регионот.

„Овој провокативен чекор ги зголемува тензиите”, соопшти Стејт департаментот и додаде дека само Кипар, преку својата влада, може да даде согласност за активности како сондажи во своите територијални води.

Американското министерство, исто така, соопшти дека развојот на ресурсите во источното Средоземје треба да ја поттикнува соработката, да создава основа за трајна енергетска сигурност и економски просперитет.

Треба да знаете
Последни објави