Search

САДУ ги поддржува барањата за повисоки плати на вработените во ФЗО и потпишување нов колективен договор

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при Синдикатот за администрација и државна управа на Македонија – САДУ соопшти дека ги поддржуваат барањата на синдикатот на УПОЗ за поголеми плати и потпишување нов колективен договор.

САДУ, се посочува, секогаш се залага за поголеми плати на вработените во јавниот сектор и бара поодлучнa и порадикална акција за остварување на правата на вработените во јавниот сектор, пред се, уставно загарантираното право – правото на заработувачка.

Истакнуваат дека нема да застанат на бесконечни и бесцелни преговори, туку напротив ќе преземат радикални мерки, не исклучувајќи го и штрајкот.

– Го повикуваме синдикатот на УПОЗ и сите вработени во ФЗО да истраеме заеднички во борбата за пристојна плата и пристојни работнички права. Бидејќи вработените во ФЗОМ не земаа плата навремено, а исто така платата не беше навремено исплатена и во други институции, се надеваме дека во оваа ситуација нема скриена позадина, бидејќи министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски изјави дека доколку институциите не се ажурираат во информацискиот систем за пополнување со човечки ресурси, нема да земаат плата, за чие пополнување има еден или ниту еден извршител во рамките на институциите, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави