Search

Садр победник на ирачките парламентарни избори

Партијата на шиитскиот свештеник Моктада ал Садр освои најголем број мандати на ирачките парламентарни избори, додека партијата на поранешниот ирачки премиер Нури ал Малики ќе биде втора по големина шиитска партија.

Шиитските партии доминираат во ирачките влади од американската инвазија во 2003 година, кога е соборен диктаторот Садам Хусеин, во чии влади имаше повеќе сунити.

Според првичните резултати од изборите со рекордно ниска излезност ал Садр освои повеќе од 70 мандати, со што ќе има значително влијание во формирањето на влада. Неговата коалиција на минатите избори имаше 54 пратенички места.

Ал Садр е против странското мешање во Ирак, а во 2003 година подигна востание. Тој често престојува во Иран.

Треба да знаете
Последни објави