Search

Савески: Наивно е да мислиме дека Боки13 е мозок на „Рекет“

Премногу наивно е да мислиме дека Бојан Јовановски е мозокот на операцијата „Рекет“, коментира за Фактор докторот по политички науки Здравко Савески.

Савески Ларис Гајсер се согласува за две работи.

 

„Гајсер изрази свое мислење, кое може да се покаже како точно. Ние во овој момент не можеме да знаеме со какви дополнителни снимки располага тој и какви инкриминирачки работи тие содржат. Во секој случај, ќе се согласам со него околу две работи. Прво, дека Македонија е земја со ограничен суверенитет. Тоа е проблем кој и досега постоеше, но очигледно доста се влоши по доаѓањето на Заев на власт. И, бидејќи други одлучуваат за крупните одлуки во Македонија, можно е тие центри на моќ да решат да го пуштат Заев низ вода. Дополнително иритантно за нив може да биде тоа што неодамна се дозна дека Заев споделуваше телефонски броеви на американски политичари, нешто што е недозволиво однесување за вазалите. При тоа, треба да се има предвид дека она што за нас е важно не е исто важно за тие центри на моќ и обратно.

Втората работа околу која ќе се согласам со Гајсер е дека она што досега го следевме се неважни луѓе кои изнесуваат пари во куфери. Премногу наивно е да се мисли дека мозокот на оваа операција е Боки 13, дека тој делувал самостојно и дека можел да изнудува пари, злоупотребувајќи ја обвинителката Јанева и лажно тврдејќи дека е во дослух со премиерот Заев“, вели Савески .

Треба да знаете
Последни објави