Search

РФМ застана во одбрана на Вардар пред ЕХФ

Административната елиминација на македонскиот повеќекратен ракометен првак и двократен европски владетел  Вардар од новото издание во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите е главна вест на домашната сцена и пошироко. ЕХФ одлучи „црвено-црните“ поради долгови што останаа неподмирени од претходното раководство на Вардар на чело со Сергеј Самсоненко да не им дозволи настап во ЛШ.

Лани проблемот беше решен со оставање на депозит од еден милион евра, но проблемот не беше надминат, роковите за раздолжување со ракометарите кои веќе не се дел од клубот од поодамна се пробиени, па ЕХФ реши да пресече и да го исклучи Вардар од елитното европско натпреварување.

Треба да знаете
Последни објави