Search

РФМ ги става во мирување домашните натпреварувања

Ракометната федерација на Македонија објави соопштение дека се ставаат во мирување сите натпреварувања од домашната сцена во машка и женска конкуренција, согласно прококолите за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија од Ковид 19.

Федерацијата апелира да се почитуваат препораките од страна на сите кои се дел од ракометниот спорт и дека секојдневно ќе се следи ситуацијата. За евентуалните промени на ситуацијата веднаш ќе ги извести сте засегнати субјекти во мак-ракометот.

Треба да знаете
Последни објави