Search

Ручи ја одложи седницата на Парламент, a одлуката за откажување од мандатите го смета за „полтичко самоубиство”

Претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи ја одложи пленарната седница закажана за утре во 10:00 часот поради закажаниот масовен протест на опозицијата и сознанијата дека ќе има обид за насилно влегување во законодавниот дом.

Албанскот прв парламентарец со став и за актуелната политичка состојба, за која смета дека „во последно време е влошена што е на штета на угледот на државата”.

– Кој не ни посакува добро, ги трие рацете поради сцените на насилство, а сето тоа го гледа светот. Оние кои не поддржувале и не поддржуваат, очигледно се чувствуваат лошо, рече Ручи.

За одлуката на опозициските пратеници да се откажат од мандатите Ручи рече дека тоа е „политичко самоубиство”.

– Откажувањето од пратенички мандати и опозиција, која политички се самоубива и нанесува штета на државата. Одлуката на опозицијата е бомбаш-самоубиец што во воздух ги разнесува работниците, но и целата политика. Ултиматумите не се демократски, власта не се зема на маса, посочи Ручи.

Треба да знаете
Последни објави