Search

Руте: Се бара „осомничениот или осомничените” за нападот во Утрехт

Премиерот на Холандија, Марк Руте денеска изјави дека сите напори се насочени за пронаоѓање на „осомничениот или осомничените” за нападот во Утрехт.

Нашата земја денеска е погодена од нападот во Утрехт. Полицијата и обвинителството утврдуваат што точно се случило. До сега знаеме дека е пукано врз луѓе во трамвај во Утрехт, при што има повредени, а можно е да има и загинати, истакна Руте.

Претходно, Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при вооружениот напад во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени.

Додека холандската полиција како главен осомничен за нападот го идентификува 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција.

Полицијата не ја исклучува можноста дека пукале неколку лица, како и дека станува збор за терористички напад.

Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Неколку часа по пукањето во трамвајот во Утрехт се слушнаа истрели на повеќе локации, како и во близина на џамијата.

Поради нападот во Утрехт затворени се муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.

Треба да знаете
Последни објави