Search

Руско оружје на воени вежби во Венецуела

На 24 јули во Венецуела ќе се одржат воени вежби, на кои ќе биде прикажано оружје произведено во Русија, а кое ќе го користи венецуелската армија.

Ова го потврди заменик рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, кој додаде дека оружјето и воената опрема кои ги користи војската на Венецуела главно се од руско производство.

„Така што, вежбите не можат да се спроведат на некој друг начин“, истакнал тој, а пренесе „Тасс“.

Според Рјабков во моментов во Венецуела речиси и да нема руски експерти за одржување на воената опрема, но тие можат да испратат екипа на стручњаци, доколку е тоа потребно.

Сето ова е во рамки на договор, објасни заменик министерот, истакнувајќи дека е невообичаено што целата ситуација привлекува толку многу внимание.

„Тоа само покажува дека ова прашање е вештачки надуено“, заклучува Рјабков.

Треба да знаете
Последни објави