Search

Руското Обвинителство бара да го сослуша Навални во Германија

Руското државно обвинителство сака да го сослуша Алексеј Навални во Германија, каде што е во болницата, и да ги открие деталите за неговото патување во Новосибирск и Томск.

Обвинителството, заедно со сообраќајната полиција, испратиле соодветно барање до германското Министерство за правда, пренесува РТ.

Истражителите имаат намера да ја проверат верзијата дека Навални е затруен, како што соопштија германските власти.

Истражителите во Обвинителството се заинтересирани кој го испланирал службеното патување на Навални и кој го придружувал од моментот кога полетал од Москва, па сè додека не бил хоспитализиран во Омск.

Руското обвинителство е заинтересирано и зошто опозиционерот ги сменил хотелските соби додека бил во Томск.

Покрај тоа, тие ги бараат од германските експерти и сите анализи и токсиколошки испитувања.

Предвидено е Навални да биде испрашуван во Германија, а Министерството за правда на земјата го доби документот и во моментов го проучува.

Треба да знаете
Последни објави