Search

„Рускоска не му дозволи на мојот сопруг за последен пат да се прости со неговата мајка“

Денеска обвинителката Вилма Рускоска дозволи Катица Јанева да се прости со нејзината мајка која почина вчера, 4 часа пред нејзиното приведување. За ист случај пред само година дена, Рускоска одлучила поинаку.

Станува збор за Душко Лазаров вработен во МВР, кој дента на 27 април бил дежурен во оперативниот штаб кој е осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок. Рускоска тогаш не дозволи Лазаров за последен пат да се прости со неговата мајка која почина за денот кога тој беше приведен поради настаните од 27-ми април.

Сепак Пацка Лазаров, сопругата на веќе осудениот Лазаров, излезе поголем човек од сите гореcпоменати, па во коментар на Фејсбук изрази coчуство на Јанева. Лазарова ја потсети Рускоска за немилосрдноста која ја имала кон осудените во случајот 27-ми април.

Coчуство до обвинителката Јаева за смрта на нејзината мајка но уште едно големо coчусво за правосудниот систем. Судбината сакаше на денот на апсењето кога слушна дека е приведен, почина мајката на Душко Лазаров ама тогаш Вилма Рускоска не одлучи човечки и не му дозволи да се прocти за последен пат од неговата мајка. Најчовечно ја молам обвинителката Рускоска барем за момент кога се најде во ваква ситуација да се сети на пролеаната coлза на мојот сопруг по починатата мајка и за непpaвдата која му ја нанесе, пишува Пацка Лазарова.

 

 

Треба да знаете
Последни објави