Search

Рускоска не дава јавноста да ги слуша разговорите меѓу Боки и Кичеец, Јанева инсистира

Во моментот на судењето за “Рекет” треба да се презентираат снимки од разговори меѓу Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец. Јовановски реагираше дека требало прво да ги чуе овие разговори, бидејќи досега немал таква можност.

Тогаш обвинителката Ивана Трајчева рече дека на дел од разговорите јавноста ќе биде исклучена, бидејќи имало и приватни разговори меѓу Кичеец и Боки 13.

На ова реагираше Јанева која истакна  дека сите снимки треба да ги чуе присутната јавност, а и Јовановски се согласи да не се исклучува јавноста.

-Јас ќе кажам нешто во име на сите од одбраната. Бараме да не биде исклучена јавноста. Цело УСБ од Кичевскиот да се презентира. Да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран, рече таа.

Во „Рекет“ Русковска ги предложи сите снимки на Камчев од телефонски разговори, кои сам си ги снимал. Обвинението не се базира на овие разговори, туку на материјалните докази кои беа презентирани во неколку судски рочишта.

 

Јанева е упорна да се изведат сите докази и новинарите да останат внатре, а Русковска остана на тоа дека се чувствителни. Судијката Васка Николовска Масевска рече дека судот треба да се грижи за зачувување на приватноста и оти таа ќе одлучи.

Јанева ѝ викна на Русковска: „Обвинителството треба да ги изведе сите докази. Требало да мислите на тоа кога сте ги предлагале. Во спротивно се крши законот!“

„Вие да мислевте, немаше денес да бидеме во оваа судница!“, ѝ врати Русковска.

„Вие да не го монтиравте случајов, немаше да има судење“, викна Боки од место.

Пред наредниот блок приватни снимки на Орце Камчев, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска побара за третата папка да биде исклучена јавноста, зашто во неа имало приватни разговори.

 

Треба да знаете
Последни објави