Search

Русковска повикана да даде отчет за своето однесување

Советот на јавни обвинители ќе ја повика обвинителката Вилма Русковска да даде отчет за своето однесување. Ова за Телма го потврди претседателот на советот Ацо Колевски кој не сакаше да го каже ставот за кавгата на Русковска со апелационите судии. Вели дека добиле допис од апелација, но дека треба да се слушне и другата страна.

Toj претходно изјави и дека ветингот на судиите и обвинителите треба да биде добро осмислен, да не се спроведува набрзина, да се знае кој и како ќе го врши и да не се претвори во мешање на извршната во правосудната власт.

Инаку, обвинителката Вилма Русковска со СМС порака им се заканила на судиите од апелација со финансиска истрага, откако тие одлучија затворскиот притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, да биде заменет со домашен.

Апелација ова го смета за преседан, а осуда за однесувањето на Русковска стигна и од Судскиот совет.

 

Треба да знаете
Последни објави