Search

Русковска побара затворски казни за обвинетите за „27 април”

Обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.

– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните оте институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.

Таа побара судот при носење на пресудата да ги цени како отежнителните, така и олеснителните околности и да им изрече казна со што ќе бидат постигнати целите.

По завршните зборови на Рускоска, денешното рочиште беше прекинато за на бранителите да им биде даден примерок од записникот. Наредната судска расправа за „27 април” е закажана на 4 февруари, кога завршни зборови треба да даде одбраната на обвинетите.

Треба да знаете
Последни објави