Според извршената систематизација Обвинителството за организиран криминал би требало да брои 18 обвинители заедно со Русковска.

-Недостига кадар во речиси сите обвинителства. Констатиравме колку обвинители треба да има во секое обвинителство, но, сега и да сакаме да го прошириме бројот на обвинители, ситуацијата не ни дозволува оти нема кадар. Нови обвинители ќе имаме од Академијата дури за две години. И за организиран криминал донесовме одлука за петмина, сега ќе следува оглас па да видиме дали некој ќе се пријави – вели Ацо Колевски претседателот на Советот на јавни обвинители.

Тој најавува дека поради ваквата ситуација можно е затворање на обвинителствата во Тетово, Прилеп и во Битола, кои немаат доволен јавнообвинителски кадар.