Search

Русковска за обвинувањата на Боки 13: Никого не сум уценувала да каже било што

Никогаш во мојата професионална кариера ниту еден обвинет не сум го уценувала, ниту принудувала да каже било што, вели во изјава за “Фокус”, обвинителката од случајот “Рекет”, Вилма Русковска за тврдењата на обвинетиот Бојан Јовановски дека за да добие позитивно мислење за притвор, му било понудено да ги “намести”, Катица Јанева и Фросина Ременски.

– Сигурно не сум му понудила. По обвинението за “Рекет” веќе течеше судењето, кога тој даваше исказ за предметот со “Меѓународен сојуз”. За ова прво обвинение беше носен во неколку наврати да ги гледа доказите и на крај реши да му биде лошо и не даде исказ. Никогаш во мојата професионална кариера ниту еден обвинет не сум го уценувала, ниту принудувала да каже било што. Ако обвинет дава исказ, тогаш поставувам прашања, ама да уценувам или да терам да каже било што, никогаш, вели Русковска.

Треба да знаете
Последни објави