Search

Русковска за евентуално обвинение за надоместоците во СЈО ќе чака уште еден ревизорски извештај

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска засега е без коментир за најновиот ревизорски извештај објавен во јавноста за надоместоците за тајност што ги исплатило СЈО, во вредност од 4,6 милиони евра.

Русковска за „Слободен печат“ изави дека е рано за да се покрене обвинение, во кое најверојатно би биле опфатени колегите обвинители.

-Неопходно прво да се почекаат податоците уште од еден извештај спроведен од Државниот завод за ревизија. Ова е само еден ревизорски извештај што е објавен во јавноста. Постои уште еден, кој не е објавен, бидејќи ќе треба да се декласифицира. Тој е во моментов во Републичкото јавно обвинителство, па ќе видиме допрва што ќе содржи, но секако би побарале декласификација,
изјави Вилма Русковска за Слободен печат.

Во денеска објавениот извештај се вели дека специјалните обвинители добивале додатоци во 2015 година поголеми од нивните плати, а во период од јануари 2016 до септември 2019 година по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност добиле околу 4,5 милиони евра без да има законско покритие.

Во ревизорскиот извештај се нотира дека додатоците на плата за 2015 година кои што се предвидени за Јавниот обвинител и јавните обвинители во ова обвинителство, го надминуваат износот на исплатени средства за основната плата по лице.

Треба да знаете
Последни објави