Search

Русковска: Во СЈО се бришеле податоци од компјутери

Обвинителката, Вилма Русковска, ја потврди информацијата која ја објавија медиумите пред неколку недели, дека во Специјалното јавно обвинителство се бришеле податоци од некои компјутери. Како што рече Русковска пред Кривичниот суд синоќа, по распитот на Катица Јанева, меѓу компјутерите во кое е интервенирано не се и оние на обвинителите, објави Фокус.

-Видете, познато е дека дел од компјутерите се бришени и колку што јас имам информации тоа се на стручните соработници кои работат во СЈО. Ниту еден компјутер на кој било обвинител не е бришен и не е форматиран – рече Русковска.

Инаку, „360 степени“ на крајот од јули објави дека Јанева наредила ИТ-секторот во СЈО да спроведе форензичко бришење на компјутерите. Од СЈО потоа признаа дека се трајно форматирани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“.  Со бришењето не биле зафатени документите сместени на тие компјутери, но неповратно се избришани информациите за „сообраќајот“ – кој, кога и што работел на тие машини.

Според сознанијата на „360 степени“ со форматирањето, во првиот бран, биле опфатени повеќе компјутери на стручни соработници во обвинителството, а следни на ред биле машините на кои работеле истражителите и обвинителите. По алармот од загрижени вработени операцијата на 29 јули е стопирана.

Треба да знаете
Последни објави