Search

Руски центар: Откриени повеќе од 80 мутации на новиот коронавирус

Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор” откри повеќе од 80 мутации на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на тој центар, Ринат Маскјутов.

Тој истакна дека овие мутации не влијаат на ефикасноста на развиената вакцина, пренесува ТАС С.

– Центарот Вектор дополнително спроведува обемни студии за генетската варијабилност на новиот коронавирус во сите руски региони, рече тој на 17. годишен состанок на Меѓународниот клуб за дискусии Валдаи.

Тој додаде дека досега се откриени повеќе од 80 замени на нуклеотиди, кои не се вклучени во меѓународните бази на податоци.

– Но, овие промени не се критични и не влијаат на ефекасноста на пептидите на развиената вакцина, рече директорот на центарот при Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето.

Русија на 11 август објави дека ја регистрирала вакцината против коронавирус Спутник V што ја разви Центарот за истражување Гамалеја при Министерството за здравство и дека клиничките испитувања биле успешно завршени во јуни и јули.

Треба да знаете
Последни објави