Search

Руски хакери упаднале во „Буризма”, фирмата позната од истрагата за импичмент на Трамп

Руски хакери навлегле во компјутерите на украинската енергетска компанија „Буризма” каде работел Хантер Бајден, синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден, објави денеска „Њујорк тајмс”.

Според весникот, хакерите се од военото разузнање на Русија (ГРУ) и се претполага дека можеби барале информации поврзани со Бајден, истите информации што беа од интерес на американскиот претседател Доналд Трамп откако побара од неговиот украински колега Володомир Зеленски да се спроведе истрага за Бајден и оваа компанија.

Хакерските напади биле откриени од фирмата „Ареа 1″ лоцирана во Силиконската долина а се случиле во текот ноември 2019 година, во екот на истрагата за импичмент на Трамп. Пенетрирањата главно се одвивале со помош на лажни електронски пораки до вработените и откривање на нивни лозинки за логирање во налози на вработени во „Буризма”.

По објавениот извештај на „Њујорк тајмс” некои конгресмени, како демократот Адам Шиф, истакнаа дека со самото тоа што барал истрага, Трамп ги навел руските хакери да дејствуваат и да се вмешаат во изборите во 2020 година.

-Слично како што направија по објавувањето на електронските пораки на противкандидатката Хилари Клинтон во 2016 година, изјави Шиф за „Ем-ес-ен-би-си”.

Треба да знаете
Последни објави