Search

Руски синдикати предлагаат четиридневна работна недела без намалување на платите

Сојузот на независни синдикати на Русија му предложи на Министерството за труд преминување на четиридневна работна недела, но притоа да се задржат постоечките плати, објавија руските медиуми.

Синдикатот предупредува дека работодавачите веќе го распределуваат работното време на тој начин, но не од добра намера туку поради финансиски проблеми, што доведува до значајно намалување на работничките плати.

Синдикатите поддржуваат скратување на работната недела, но само како средства за оптимизирање на времето за работа и одмор, но и обврзно зачувување на постоечките плати.

– Предлагаме ова прашање да се разгледа на комисијата за регулирање на социјалните и работните односи, земајќи ги предвид постоечките награди за труд, разликите во работното време и други значајни организирања на работата во Русија, велат синдикалците.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев во јуни дозволи преминување на четиридневна работна недела. Според него, технолошкиот напредок води кон скратување на работното и продолжување на слободното време. Медведев како пример ја посочил една компанија од Нов Зеланд, која на своите вработени им плаќала три слободни денови неделно, а резултатот покажал дека работата се извршувала 20 отсто подобро, а работниците биле помалку загрижени.

Треба да знаете
Последни објави