Search

Руски пратеник уапсен во парламентот поради истрага за убиство

Рускиот пратеник, Рауф Арашуков, кој е осомничен дека договорил две убиства, уапсен е денеска во рускиот парламент.

Истражниот комитет соопшти дека Арашуков, кој го претставува регионот Карачај-Черкесија на северот од Кавказ, е уапсен откако горниот дом на рускиот парламент гласал да му се укине имунитетот, објави агенцијата АП.

Инспекторите се сомневаат дека Арашуков го организирал убиството на две истакнати личности од Карачај-Черкесија во 2010 година.

Арашуков е син на познат бизнисмен, а во 2016 година стана најмладиот член на Советот на федерацијата на возраст од 31 година.

Рускиот портал РБЦ минатата година цитираше извори блиски до истрагата, дека три лица сведочеле против Арашуков, обвинувајќи го за организација на убиството на истакнат локален активист

Треба да знаете
Последни објави