Search

Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница

Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница, откако полицијата го фатила како под дејство на алкохол се обидува да ја скрие во река торбата со делови од нејзиното тело.

„Призна дека е виновен“, изјави адвокатот на 63-годишниот Олег Соколов, додавајќи дека неговиот клиент жали поради тоа што го направил и соработува со полицијата.

Како што објавуваат медиумите, Соколов се обидувал во реката да ја скрие торбата со горните екстремитети на Анастасија Јешченко, по што полицијата во неговиот стан пронашла распарчано женско тело.

Соколов наводно и признал на полицијата дека ја убил Јешченко за време на нивна расправија, а потоа и ги отсекол главата, рацете и нозете.

Професорот Соколов е познат експерт за Наполеон, а добитник е на престижната француска награда Легија на честа

Треба да знаете
Последни објави