Search

Руски доктор смета дека пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“.

„ Кога ја анализирам моменталната ситуација, сфаќам дека ова е проба за биолошка војна. Не велам дека овој вирус го направил човек, нема доволно основа за вакви тврдења, а и не сум виролог. Но ова е тестирање на здравствениот систем, вклучително и биолошка заштита на земјата“ истакна Рошаљ во интервју за „Форбс“.

Тој укажува на тоа дека вирусот не познава граници и дека е невозможно да се предвиди ширењето на епидемијата, бидејќи луѓе од различни земји различно се однесуваат, наспроти сите ограничувања.

Според него, во Русија во борбата против вирусот вклучени се сите, вклучително и претседателот и владата.

Рускиот лекар смета дека ниската стапка на смертност во земјата е поврзана со правовременото воведување на ограничувања за влез во земјата и мерките за внатрешна контрола.

„ Коронавирусот ја тестира издржливоста на човештвото и тоа како ќе поднесеме сериозна биолошка катастрофа“ заклучува рускиот доктор.

Рошаљ порачува дека е неопходно да се продолжи со носење маски и ракавици, дека не треба да се носат настинати и болни деца во градинка, дека треба да се почитуваат санитрните мерки во фабриките, да се забрани доаѓањето на работа на вработените кои не се чувствуваат добро и да се спроведат тестирања на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави