Search

Руски дипломат ја критикува неподготвеноста на САД да ги олеснат санкциите за Иран

САД демонстрираат непрагматичен пристап кога одбиваат да ги олеснат санкциите против Иран во услови на пандемијата со коронавирус, изјави постојаниот руски претставник во Меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, пренесува ТАСС.

„САД не се подготвени да размислат за олеснување на санкциите за Иран. Да ги оставиме настрана хуманитраните мотиви. Во секој случај, ова не е прагматично имајќи предвид дека Ковид-19 може да се прелее во соседните земји и да влијае на 70.000 американски војници во регионот и на многу американски цивили“, рече рускиот дипломат во објавата на Твитер.

Иранските власти во неколку наврати рекоа дека санкциите на Вашингтон против Иран ги спречуваат напорите за контролирање на вирусот. Според Техеран, американските санкции го спречуваат Иран да увезува хуманитарни добра, како храна и лекови.

Според последните извештаи, вкупниот број на нови пациенти со коронавирус во Иран достигна 60.000, со вкупно 3.739 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави