Search

Руски дипломат: Американската воена интервенција во Венецуела може да стане реалност

Користењето воена сила од страна на Вашингтон против Каракас може да биде вистинско сценарио, а не само апстракција, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува ТАСС.

„Секојдневно и сè почесто слушаме од САД дека против Венецуела  може да се искористи воено сценарио”, рече Захарова.

Во овој контекст, таа го критикуваше неодамнешното интервју на адмиралот Фолер, кој ја предводи Јужната команда на САД, за „Форин полиси“.

„Неговиот строг и агресивен тон уште еднаш ги потврдува нашите стравови дека американската воена операција во Венецуела не е само апстракција, туку реалност, што Вашингтон ја признава”, истакна Захарова.

Во своето интервју, Фолер рече дека војската е на готовс и чека инструкции од администрацијата на Доналд Трамп за воена интервенција во Венецуела.

Треба да знаете
Последни објави