Search

Руски граничари приведоа севернокорејски рибари

Граничари на руската Федерална служба за безбедност приведоа повеќе од 250 рибари од Северна Кореја на брегот на Приморскиот регион на Далечниот исток во Русија.

Рибарите, кои биле во 16 бродови, се приведени поради нелегален риболов на пацифички лигњи во ексклузивната економска зона на Русија.

На почетокот од месецот тајфун го погоди регионот Приморје и повече од 500 бродови влегоа во руските територијални води повикувајќи се на меѓународното поморско правило да почекаат да помине бурата.

Бродовите првенствено од Јужна и Северна Кореја впловиле во заливите Олег и Владимир, како и во заловот во близина на градот Морјак-Рјблов.

По бурата бродовите заминаа од подрачјето, но околу сто бродови останале и илегално рибареле.

Треба да знаете
Последни објави