Search

Руски блогер во затвор поради шега со коронавирусот

Еден руски блогер може да се соочи со затворска казна од пет години поради предизвикување паника и страв во метро во Москва, пренесува RT.

Во објавено видео на социјалните мрежи се гледа млад човек како одеднаш паѓа во метро и почнува да се грчи на подот. Друг човек го снима и истовремено ја следи реакцијата на луѓето. Неколкумина се обидуваат да му помогнат додека лежи на подот, додека извикува корона вирус. Целиот настан има непријатен ефект врз патниците кои во паника бегаат од возот, со што се создава реален ризик од стампедо и повреди.

Сценариото за оваа невкусна шега е на блогерот Каромат Џаборов и негови пријатели. Откако момчето дознало дека има обвиненија против него, сам се пријавил во полиција. Неговиот адвокат вели дека не очекувал пренкот да има вакви последици, а Џаборов сакал да привлече внимание на фактот дека луѓето не носат заштитни маски.

Но, почната е истрага за мотивите на Џаборов, а тој доби 30-дневен притвор.

Треба да знаете
Последни објави