Search

Руски авиони извршија четири воздушни напади во Идлиб

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека нивни авиони извршиле четири воздушни напади врз екстремисти во сирискиот регион Идлиб.

Руската армија соопшти дека турската војска побарала помош од неа да ги заштити турските трупи, при нападите врз „терористите” во Идлиб.

Регионот Идлиб, од крајот на април се наоѓа под силна воздушна и копнена офанзива на силите под команда на Дамаск и Москва против екстремистите, кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад, кои оперираат на подрачје под турско влијание.

Треба да знаете
Последни објави