Search

Руските специјалци ги пронајдоа крадците кои ја украдоа иконата на Путин

Во рускиот град Волков во Ленинградската област се уапсени крадците кои се обвинети за кражба на иконата на Путин.

Станува збор за иконата од Иверскиот манастир на Валдаи, која рускиот претседател Владимир Путин ја подарил на храмот, објави „Новости“.

Членовите на ФСБ учествуваа во акцијата за пронаоѓање на иконата од 17 век, а при претресот пронајдоа реликвија завиткана во крпа, како и олтарски крст, изјави портпаролката на МУП, Ирина Волк, пишува „РИА новости“.

Осомничените крадци се жители на градот Волков, а според ФСБ, можно е да имале соучесници кои сè уште се на слобода.

Иконата е украдена ноќта на 1 септември, кога осомничените крадци дошле до островскиот манастир со чамец, ископале премин под портата и влегле во храмот.

Потоа скршиле прозорец и украле мошти од голема вредност.

Претседателот ја подарил иконата на манастирот во 2001 година, и сè што е украдено ќе биде вратено во храмот во блиска иднина.

Треба да знаете
Последни објави