Search

Руските обложувачници заработуваат пари од коронавирусот, се обложуваат кога ќе снема квасец и тоалетна хартија

Светскиот бизнис со обложување е една од индустриите вредни стотици милијарди долари на која пандемијата на коронавирусот ѝ нанесе огромна штета. По откажувањето на речиси сите спортски настани, обложувачниците немаат извор на приход бидејќи повеќе од 90 проценти од нивните облози се вртат за спортот.

Две руски онлајн-обложувачници заклучиле дека загубите може да се намалат со обложување на коронавирусот. Затоа, тие во својата понуда ставиле обложување на веројатноста да се појави вакцина и на погодување на датумот кога ќе биде ставена во карантин цела Москва. Исто така, има и обложување за тоа кога во Русија ќе снема тоалетна хартија, брашно и квасец, како што беше случај на Запад, пишува „Види.хр“, според „Москва тајмс“.

Треба да знаете
Последни објави