Search

Руските експерти за безбедност допатуваа во Египет за да ја проверат безбедноста на аеродромите

Руски експерти за безбедност во авио-сообраќајот допатуваа во Египет за да ги проверат аеродромите во летувалиштата Хургада и Шарм ел-Шеик.

„Околу 20 луѓе стигнаа на аеродромот во Каиро. Тие се поделени во две групи: една отиде во Хургада, а другата во Шарм ел-Шеик“ рекол неименуван извор за ТАС С.

Задачата на руските експерти е да ја проценат подготвеноста на аеродромите да осигураат безбедност на патниците.

Авио-сообраќајот меѓу Русија и Египет е прекинат во ноември 2015 година, по експлозијата во рускиот авион над Синајскиот полуостров, кој полета од Шарм ел-Шеик.
Одговорност за нападот во кој загинаа 224 патници и членови на екипажот, презедоа терористи.

Како предуслов за обнова на воздушниот сообраќај, Русија побара значајно зајакнување на безбедносните мерки на египетските аеродроми.

Во 2017 година Русија и Египет потпишаа договор за безбедност на воздушниот сообраќај, но се уште не се одвиваат летови од Русија до Шарм ел-Шеик и Хургада.

Треба да знаете
Последни објави