Search

Рускиот центар за помирување предупредува дека во Сирија се лажираат хемиски напади

Терористите направиле најмалку 15 импровизирани експлозивни направи полни со непознати супстанции со цел да извршат лажни хемиски напади во населените места во Сирија, изјави Александар Шчербицки, шеф на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, пренесува ТАСС.

„Според разузнавачките податоци, милитантите изработиле најмалку 15 импровизирани експлозивни направи што се наполнети со непознати токсични материи во специјалната лабораторија лоцирана во градот Сармада“, откри Шчербицки.

Според дојави од локалното население, додаде тој, терористичката група Хајат Тахрир ал-Шам планира провокации  во населените места Сфухон, Фатира и Флајфел во провинцијата Идлиб, со цел да се обвинат владините сили за употреба на хемиско оружје.

Треба да знаете
Последни објави