Search

Рускиот хакер Бурков се соочува со затворска казна до 80 години

Рускиот хакер Алексеј Бурков може да се соочи со затворска казна до 80 години поради обвиненијата за измама и заговор за измама, изјави во вторникот во Министерството за правда на САД., пренесува ТАСС.  Бурков беше екстрадиран во САД во понеделникот вечерта од Израел.

„Обвинението кое беше отворено денес го товари Бурков за измама со трансакции, измама со пристап до уреди , измама со пристап до уреди, упади во компјутер, кражба на идентитет и перење пари“, се вели во соопштението.

Бурков може да се соочи со затворска казна до 80 години ако биде прогласен за виновен по сите обвиненија.

„Според судските документи, Бурков наводно имал веб-страница наречена „Карпенпланет”,  која продавала броеви од платежни картички кои биле украдени преку упади во компјутери. Многу од картичките понудени за продажба им припаѓале на американски државјани. Украдените податоци за кредитни картички од повеќе од 150.000 платежни картички, наводно биле продадени на страницата на Бурков и резултирале со штета од над 20 милиони американски долари во лажни набавки направени со кредитни картички во САД “, се вели во соопштението.

„Дополнително, Бурков наводно водел и друг интернет-форум за компјутерски криминал кој служел како клуб само за поканети, во кој елитните компјутерски криминалци можеле да се сретнат и да објавуваат на сигурна локација, да планираат разни компјутерски криминали, да купуваат и продаваат украдени стоки и услуги, како што се лични информации за идентификување и злонамерни софтвер и други криминални услуги, како што се перење пари и уреди за хакерство “, се додава во соопштението.

Руската амбасада во САД вложи протестна нота до американскиот Стејт департмент поради екстрадицијата на Бурков од Израел.

Во вторникот, рускиот специјален претседателски претставник за Блискиот исток и Африка, Михаил Богданов, оствари средба со Јаков Ливен, заменикот на израелскиот амбасадор и изрази жалење поради одлуката на израелските власти за екстрадиција на рускиот државјанин во САД. Според Богданов, ваквите активности се спротивни на конструктивното партнерство меѓу Русија и Израел, што напредуваше изминатите години.

Бурков беше приведен за време на пасошка проверка по барање на Вашингтон,додека се обидуваше да го напушти Израел во декември 2015 година. Москва претходно испрати барање за екстрадиција на Бурков. Неговиот случај го разгледа судот во Ерусалим зад затворени врати

Треба да знаете
Последни објави