Search

Рускиот митрополит Тихон: Во тек е трета светска војна

Митрополитот Тихон (Шевкунов) од Псковско-Печерскиот манастир ја нарече пандемијата на Ковид-19 трета светска војна во која целото човештво се бори против еден непријател- новиот коронавирус, пренесѕва „Спутник“.

„По 75 години повторно е војна-светска војна. Воопшто не преувеличувам, не вршам притисок на вас со некоја посебна загриженост, страв. Тоа навистина е така: во тек е војна меѓу човештвото и тоа зло што влезе во човечкиот род и против кое ни претстои вистинска борба, баш како и на нашите дедовци и татковци за време на војната,“ рекол митрополитот за време на проповедта.

„ Еден мој пријател, православен христијанин, кој живее во мал град во Северна Италија, како нашето место, со неколку илјади луѓе, ми се јави неодамна и ми рече: Не верувавме дека тоа може да се случи. Цела генерација почина во нашиот град – стари над седумдесет години“.

Митрополитот Тихон ги повика верниците да не го посетуваат Псковско-Печерскиот манастир кој се смета за еден од најстарите во Русија и кој не бил затворен ни за време на Втората светска војна.

„Како епископ од Псков, ве благословувам да се молите од дома. Сега не е време да се собираат многу луѓе, вклучително и во храмовите“, рече тој.

Митрополитот Тихон неофицијално се смета духовник на рускиот претседател Владимир Путин иако никогаш не го потврдил тоа.

Треба да знаете
Последни објави