Search

Рускиот и американскиот претставник за Авганистан ќе се сретнат во Анкара

Рускиот специјален претседателски пратеник за Авганистан, Замир Кабулов, ќе оствари средба со американскиот специјален претставник за помирување со Авганистан, Залмај Калилзад, на 22 февруари во Анкара, пренесува ТАСС.

Тие, пред се, ќе разговараат за подготовките за следниот круг на московските консултации за Авганистан, информира Кабулов. Рускиот претставник додаде дека тој, исто така, ќе одржи консултации за авганистанското прашање со турските дипломати.

„Русија би сакала претставниците на талибанското движење да учествуваат на претседателските избори во Авганистан“, рече тој.

Москва, исто така, верува дека е време за укинување на санкциите на Советот за безбедност на ОН врз талибанците и е подготвена да придонесе за нивно отстранување ако сите 15 земји-членки постигнат консензус, рече Кабулов.

Треба да знаете
Последни објави