Search

Руска супербабичка го запали Интернетот: Љубов лизга од еден крај до друг

Руска супербабичка го запали Интернетот: Љубов лизга од еден крај до друг

Љубов Мореходова (72) го освои Интернетот. Таа живее на брегот на Бајкалското езеро.
На некои места во зимата може да стигне само по мраз, па цел живот лизга.
– Овие мои лизгалки ги употребувам веќе 43 години. Можете да замислите. Ете како некогаш ги правеле. Видите колку се издржливи, вели таа горда на чесните произведувачи кои  порано не знаеле што е фушерај, туку кога правеле  нешто, тоа трае со децении.
Лизгањето до другата страна на неа воопшто не и е тешко. Љубов оди на мраз и кога е камен студено. Таа вели дека тоа и ги намалува болките во грбот.
Оваа баба е за голема почит.. Браво!
Треба да знаете
Последни објави