Search

Руска судиска двојка ќе дели правда на дуелот Еурофарм Пелистер – Татабања

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите за натпреварите од четвртото коло во второ по ранг клупско натпреаврување Лигата на Европа. Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер кој во минатото коло ја оствари првата победа со триумфот на гости во Атина кај грчкиот АЕК, во оваа рунда утревечер (18.45 ч.) ќе биде домаќин на унгарската Татабања.

ЕХФ одлучи правдата во Битола да ја дели руската двојка Константин Ершов и Антон Пављуков, а делегат ќе биде Синиша Рудиќ од Хрватска.

 

Треба да знаете
Последни објави