Search

Руска воена вежба против евентуална терористичка закана

Руската војска денеска почна масовна воена вежба, симулирајќи одговор на безбедносната закана во Централна Азија.

Министерот за одбран, Сергеј Шојгу, рече дека вежбите се наменети за „проверка на способноста на вооружените сили да ја гарантираат воена безбедност во регионот на Централна Азија, каде има сериозни закани за тероризам”. Според Шојгу, маневрите ќе бидат спроведени на 35 полигони.

Русија има воен контингент во Таџикистан, кој се граничи со Авганистан и има воздухопловна база во Киргистан. Москва е загрижена за можното продирање на авганистанските вооружени лица во поранешните советски републики во Централна Азија, оценуваат западни медиуми.

Треба да знаете
Последни објави