Search

Руската Дума го одобри законот за потпретседател на Советот за безбедност

– Руската државна дума денеска го одобри нацрт-законот за воведување на функцијата заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.

Според нацрт-законот, рускиот претседател го назначува и разрешува заменикот-претседател на Советот за безбедност и ги определува неговите овластувања, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на Дума.

Како што е наведено, оваа функција може да ја вршат руски државјани кои немаат државјанство на друга земја или дозвола за престој. Предлог-законот предвидува заменикот претседател на Советот за безбедност да биде постојан член на тоа тело.

Предлог-законот беше доставен до Државната Дума на разгледување од страна на рускиот претседател Владимир Путин на 16 јануари. Истиот ден, тој со декрет ја воведе функцијата Потпретседател на Советот за безбедност и го назначи поранешниот премиер Дмитриј Медведев на таа функција, ослободувајќи го од претходните должности.

Советот за безбедност на Русија е консултативно тело на рускиот претседател кое ја развива и координира национална политика од областа на националната безбедност и донесува соодветни одлуки за шефот на државата.

Треба да знаете
Последни објави