Search

Руската војска објасни зошто американски авион лета над Сибир

Американски авион од типот ОС-135Б од 18 до 23 февруари спроведува набљудувачки летови над територијата на Русија, објави руското Министерство за одбрана, а пренесе агенцијата „Спутник“.

„Во периодот од 18-23 февруари, во рамки на реализацијата на меѓународниот договор за отворено небо, САД ќе спроведе извиднички лет над територијата на Русија со американски авион за набљудување ОС-135Б од аеродромот во Хабаровск“, се наведува во соопштението.

Како што е додадено, руски експерти во авионот го контролираат строгото почитување на параметрите на летот и примената на апаратурата за набљудување предвидена со договорот.

Се наведува дека се работи за авион OС-135Б кој не е наменет за употреба на било какво оружје, додека пак техниката која се наоѓа во него ги има минато меѓународните прегледи во кои учествувале и руски експерти, со што се исклучува можноста за употреба на технички средства кои не се предвидени со договорот.

Треба да знаете
Последни објави