Search

Руската воздухопловна база „Хмеимим“ во Сирија успешно пресретнала напад со дронови

Шест самоубиствени беспилотни летала лансирани кон руската воздухопловна база „Хмеимим“ во неделата биле соборени, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува РТ.

Воздушната одбрана ги уништила дроновите на безбедно растојани“ и не е причинета штета во базата.
Милитантите постојано се обидуваат да го погодат рускиот објект лоциран во сириската провинција Латакија. На 8 август тие истрелаа четири ракети во обид да ја погодат базата. Ниеден проектил не успеа да ја постигне својата цел бидејќи сите експлодираа во воздух. Сепак во инцидентот загинаа двајца цивили од блиското село, а четворица се повредени.

Претходно неделава, екстремистите се обидоа да ја гранатираат базата, но објектот остана недопрен додека во нападот беа повредени уште четворица цивили.

Нападите врз базата понекогаш се совпаѓаат со милитантни офанзиви во провинцијата Идлиб, каде голем дел од територијата сè уште е под контрола на радикалните исламисти како терористичката група Хајат Тахрир еш-Шам (порано позната како Фронт Ал-Нусра). За време на една таква офанзива кон крајот на мај, базата беше мета на 17 проектили, кои или беа пресретнати или не стигнаа до целта.

Базата Хмеимим е мета и на беспилотните летала во повеќе наврати во последните неколку години. Во 2018 година, објектот забележал најмалку седум вакви напади помеѓу мај и август при што некои од нив се случиле во рок од 24 часа еден по друг.

Треба да знаете
Последни објави