Search

Руската вакцина против Ковид 19 ќе чини десет долари, а ќе се произведува и во Бразил

Цената на руската вакцина против корона вирусот  за меѓународниот пазар ќе биде најмалку 10 долари за две дози, најави претседателот на Управниот одбор на компанијата Р-Фарм, Алексеј Репик.

– Ако зборуваме за извозниот пазар, цената ќе биде, според нашите проценки, најмалку 10 долари за две дози,изјави Репик за телевизијата „Русија 24“.

Тој додаде дека првата серија веројатно ќе биде скапа. Вакцината ќе стане поевтина кога нејзиното производство ќе достигне доволен индустриски обем, заклучи Репик.

Министерот за здравство, Михаил Мурашко соопшти дека вакцината ќе се произведува на две места- во Центарот „Гамалеја“ и во компанијата „Бинофарм“.

Во меѓувреме, Рускиот фонд за директни инвестиции информираше дека вакцината „Спутник В“ ќе се произведува во Бразил, конкретно во државата Парана со која бил потпишан договор. Директорот на Фондот, Кирил Димитриев при тоа истакнал дека Бразил е една од петте клучни држави кои се подготвни да обезбедат производство на руската вакцина.

Треба да знаете
Последни објави