Search

Русија ќе спроведе анализи на безбедносните закани

Русија што побргу ќе мора да спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и стратешката стабилност, со оглед на американските планови за вооружување на своите воени сили со ракети со кус и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според руското МНР, наместо да бара начин за спасување на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање решение.

Како резултат на тоа, истакнува руското МНР, „Вашингтон нанесе нов сериозен удар на системот за контрола на оружјето кој се градеше со години”.

Треба да знаете
Последни објави