Search

Русија ќе вакцинира 400.000 војници против корона

Русија има намера да вакцинира повеќе од 400.000 војници и друг воен персонал против Ковид-19, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, а пренесува „Ројтерс“, додавајќи дека земјата денеска забележала рекорден дневен број од 27.543 нови случаи на инфекција.

Министерот за одбрана потсети дека досега 2.500 припадници на вооружените сили се вакцинирани против Ковид-19, а тој број треба да се зголеми на 80.000 до крајот на годината.

Русија, чии научници работат на повеќе вакцини против вирусот САРС-КоВ-2, од септември се соочува со брзо ширење на инфекцијата, но властите претпочитаат да се потпрат на насочени мерки во одделни региони наместо да ја затворат целата земја.

Во Русија досега се евидентирани вкупно 2.215.533 инфекции и 38.558 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави