Search

Русија: Јутјуб ги блокира руските медиуми, а САД го создаваат светот на Орвел

Социјалните мрежи Фејсбук и Јутјуб и пребарувачот Гугл воведоа строга цензура наместо слободен проток на информации и ги дисквалификуваат „непожелните масовни медиуми”, изјави рускиот претставник на ОБСЕ, Александар Лукашевиќ.

Лукашевиќ предупреди дека Јутјуб е контролиран од САД, а на 20 мај социјалната мрежа ги избришала сите налози на руската телевизија Крим-24, како и налозите на две руски новински агенции, Ана Њуз и Њуз Фронт.

– Особено потенцирам дека сето тоа е направено без никаква најава или предупредување. Одеднаш, на илјадници претплатници им беше забранет пристап до видеа на кои имаа мултимилионски прегледи на каналот, изјави Лукашевиќ.

Тој додаде дека САД се обидуваат Русите да ги претстават како ликови од книгата „1984″ на Џорџ Орвел.

Според Лукашевиќ, ваквата политика е грубо кршење на меѓународните обврски што гарантираат непречен пристап до информации, слобода на медиуми и изразување.

Треба да знаете
Последни објави