Search

Русија сè уште ги чека резултатите од анализата на Навални

Русија продолжува да се обидува да ги обезбеди резултатите од анализата на Алексеј Навални од експертите на Организацијата за забрана на хемиско оружје, но без успех, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на прашањето на новинарите, Песков рече дека Русија сè уште се обидува да ги добие резултатите од тестовите и анализите на Алексеј Навални, но дека не наоѓа разбирање од ниту една страна, пренесува ТАСС.

„Де факто, ситуацијата е следна: техничкиот секретаријат на Организацијата за забрана на хемиско оружје вели дека не знаеме ништо, разговара со Германците, а Германците велат дека ние не знаеме ништо, и разговараат со Организацијата за забрана на хемиско оружје“, објасни портпаролот на рускиот претседател, пренесува „Танјуг“.

Треба да знаете
Последни објави