Search

Русија со најголем дневен пораст на заразени од коронавирус од почетокот на епидемијата

Бројот на заразени од коронавирус во Русија надмина 6.000 лица по најголемиот двоен пораст на заразени од почетокот на епидемијата.

Оперативниот штаб на руската Влада денеска соопшти дека се регистрирани 954 случаи во изминатите 24 часа, вкупно 6.343, од кои 4.484 заразени во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи неработни денови за поголемиот број граѓани за да се намали ширењето на вирусот.

Тој рече дека основните дејности ќе продолжат со работа и дека продавниците и аптеките ќе бидат отворени.

Путин посочи дека регионалните власти во своите области треба да одлучат, во зависност од ситуацијата, кои компании и организации можат да продолжат да работат.

Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска ги предупреди регионалните гувернери да не ги затвораат административните граници меѓу покраините, истакнувајќи дека движењето на луѓето и стоката не треба да се ограничува.

Треба да знаете
Последни објави